ОРБАН МУ СКРЦКА НА БРИСЕЛ Не ни праќајте платеници за состав на влада

Премиерот на Унгарија смета дека Брисел би сакал да делегира влада составена од унгарските социјалисти и Партијата за почит и слобода (Тиса), но тој нагласи дека Унгарците на крајот ќе одлучат како ќе изгледа нивната влада.

903

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарците ќе одлучат каква влада треба да има нивната земја, а не Брисел.

– Не можеме да дозволиме Брисел да ни кажува како треба да живееме и да ни ги испраќа своите платеници да делегираат. Помина времето кога тие се обидуваа да ни кажат како треба да живееме. Се ослободивме од тоа пред 30 години – рече Орбан, пренесе МТИ.






Според него, Брисел би сакал да делегира влада составена од унгарските социјалисти и Партијата за почит и слобода (Тиса), но тој нагласи дека Унгарците на крајот ќе одлучат како ќе изгледа нивната влада.

Тој рече дека Унгарија ќе се спротивстави на „планот на Брисел да делегира унгарска влада“.

Поврзани содржини