ОРБАН МИ КАЖА ДЕКА НА 9 МАЈ ЌЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТА Папата открива што зборувал со унгарскиот премиер

Орбан, кога го сретнав, ми рече дека Русите имаат план, дека сè ќе биде готово на 9 мај. Тоа би ја објаснило и стапката на ескалација деновиве. Затоа што сега не е само Донбас, тоа се Крим, Одеса, заземањето на црноморското пристаниште Украина, тоа е сè, рече папата во интервју за „Кориере дела сера“.

555

Папата Франциско изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му рекол дека Владимир Путин планира да стави крај на окупацијата на Украина на 9 мај, кога Русија го одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, јавува Си-Ен-Ен. Овој разговор се случил при нивната средба кон крајот на минатиот месец, пренесува Н1.

– Орбан, кога го сретнав, ми рече дека Русите имаат план, дека сè ќе биде готово на 9 мај. Тоа би ја објаснило и стапката на ескалација деновиве. Затоа што сега не е само Донбас, тоа се Крим, Одеса, заземањето на црноморското пристаниште Украина, тоа е сè – рече папата во интервју за „Кориере дела сера“.






– Јас сум песимист, но мораме да ги преземеме сите можни чекори за да ја запреме војната-додаде поглаварот на Римокатоличката црква.

Тој повтори дека е подготвен да отпатува во Москва и да се сретне со Путин, споредувајќи ја војната во Украина со геноцидот во Руанда.

– Сè уште не добивме одговор и продолжуваме да инсистираме, иако се плашам дека Путин не може и не сака да ја имаме таа средба сега. Но, толкава бруталност, како да ја спречиме? Пред 25 години го доживеавме истото со Руанда-рече папата.

Тој додаде дека засега нема да патува во Киев, туку дека ќе испрати свој претставник.

– Прво треба да одам во Москва, прво да се сретнам со Путин. Но, јас сум и свештеник, што да правам? Ќе направам сè што можам. Ако Путин ми ја отвори вратата – рече папата.

Западните власти веруваат, како што претходно денеска објави Си-Ен-Ен, дека Путин би можел формално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, што ќе му овозможи целосно да ги мобилизира резервните сили и да регрутира резервисти.

Поврзани содржини