Орбан контра ЕУ: Не ги отвораме границите, освен за Србија (ВИДЕО)
Единствен исклучок од оваа одлука ќе биде Србија, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унгарија нема да го прифати барањето на ЕУ на списокот на „безбедни“ држави од пандемијата на коронавирусот да ги додаде и земјите надвор од ЕУ.
Единствен исклучок од оваа одлука ќе биде Србија, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ, бидејќи тоа ќе биде спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ – рече Орбан во видео пораката на „Фејсбук“.
Европскиот совет претходно донесе одлука на списокот да стави 14 држави од кои може да се патува во ЕУ: Србија, Црна Гора, Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.