ОРБАН „ИМ ВАДИ ДУША“ НА ЗЕЛЕНСКИ И НА БРИСЕЛ Европските пари завршуваат кај воената мафија, не сакаме да имаме ништо со тоа!

Орбан рече дека, по случајот со корупција во Украина, Унгарија „сигурно нема да попушти пред финансиските барања и уцените на украинскиот претседател“.

183

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „се распаѓа златната илузија на Украина“ и дека Унгарија нема да ја финансира „мрежата на воената мафија“, по случајот со корупција во енергетскиот сектор во Украина и оставката на министрите.

„Разоткриена е воената мафијашка мрежа со безброј врски со претседателот (на Украиона) Володимир Зеленски. Министерот за енергетика веќе поднесе оставка, а главниот осомничен избега од земјата. Ова е хаос во кој бриселската елита сака да инјектира пари на европските даночни обврзници, каде што сè што не е испукано на фронтот завршува во џебовите на воената мафија. Лудило“, напиша Орбан на мрежата X.






Тој истакна дека Унгарија не сака да има „никаква врска со тоа“.

„Нема да ги испраќаме парите на унгарскиот народ во Украина. Тие можат да се користат многу подобро дома: токму оваа недела ги удвоивме надоместоците за згрижувачки семејства и ја одобривме 14-тата месечна пензија“, истакна тој.

Тој рече дека по случајот со корупција во Украина, Унгарија „сигурно нема да попушти пред финансиските барања и уцените на украинскиот претседател“.

„Крајно време е Брисел конечно да разбере каде навистина одат нивните пари“, рече Орбан.

Зеленски вчера побара оставки од министерот за правда Герман Галушченко и министерката за енергетика Светлана Гринчук поради корупција во енергетскиот сектор.

Според него, тие министри не можат да останат на своите позиции, бидејќи прашањето на довербата е клучно.

Операцијата, спроведена од Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ), откри шема на криминална организација што влијаела на стратешките претпријатија од државниот сектор, вклучувајќи го и Енергоатом.

КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ТЕЖОК 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЈА ТРЕСЕ УКРАИНА! Паѓаат министри, се апсат функционери, Кремљ ликува

Поврзани содржини