ОРБАН И ПУТИН СЕ СРЕТНАА ВО КИНА Унгарија воспоставува блиски врски со Русија

Унгарија никогаш не сакаше да и се спротивстави на Русија, туку сакаше да воспостави блиски врски -  му рекол Орбан на Путин на средбата во Пекинг.

372

Рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг се сретна и разговараше со унгарскиот премиер Виктор Орбан, во рамките на собирот на светските лидери на прославата на 10-годишнината од Кинеската иницијатива „Појас и пат“, големиот проект за воспоставување две нови трговски траси што ќе ја поврзат земјата со остатокот од светот.

– И покрај фактот што во денешните геополитички услови можностите за одржување контакти и развој на односите се многу ограничени, може да биде само задоволство што нашите односи со многу европски земји се одржуваат и се развиваат. Една од тие земји е Унгарија. Унгарија никогаш не сакаше да и се спротивстави на Русија, туку сакаше да воспостави блиски врски –  му рекол Орбан на Путин на средбата во Пекинг.






Орбан му рекол на Путин и дека Унгарија се обидува да ги спаси билатералните контакти во услови на пошироките меѓународни тензии.

Поврзани содржини