ОРБАН Е СПРЕМЕН ДА ИМ БИДЕ ДОМАЌИН НА ТРАМП И НА ПУТИН „Голема вест за мирољубивите луѓе во светот“
Планираната средба (во Будимпешта) меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе ширум светот. Подготвени сме!, напиша премиерот на Унгарија откако американскиот претседател Доналд Трамп по двочасовниот телефонски разговор со рускиот претседател најави дека ќе има средба.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи за планираната средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе ширум светот. Подготвени сме!“, напиша тој на Икс.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат значаен напредок во телефонскиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин кој траеше безмалку 2 часа.
Од друга страна, Кремљ излезе со соопштение во кое се вели дека Путин јасно го предупредил Трамп за опасноста од можната испорака на ракети Томахавк во Украина.
Ракетите Томахавк со долг дострел се очекува да бидат тема на разговор и утре меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон.