ОРБАН БАРА УКИНУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ЗА РУСКАТА ЕНЕРГИЈА Унгарија предупредува на економска криза

Енергетската криза и блискоисточниот конфликт ја ставаат Европа на раб на економски шок, а Орбан повикува на итно укинување на санкциите за руски гас и нафта.

57

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ги повика европските земји веднаш да ги укинат санкциите врз руската енергија за да ја заштитат економијата од една од најтешките кризи во историјата на Европа, последица од тензиите на Блискиот Исток и војната во Иран.

– Европа се соочува со сериозна енергетска криза и економска опасност. Единствениот излез е веднаш да се укинат санкциите за руската енергија. Не зборуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ – изјави Орбан, пренесувајќи ја својата порака до европските лидери.






Како одговор на предупредувањето на полскиот премиер Доналд Туск, кој ја оцени актуелната политика на Орбан и Трамп како „планот од соништата на Путин“, Орбан ги интензивираше повиците за проруска промена на енергетската политика на ЕУ. Според извештаите, тој на Туск му рекол дека наместо да поттикнува конфликт, Европа треба да ги штити своите економии.

Коментарите на Орбан доаѓаат само 10 дена пред клучните парламентарни избори во Унгарија, што додава дополнителен политички контекст, потсетува британскиот „Гардијан“.

Поврзани содржини