📷 ОРБАН ЈА ПОВИКА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА „Време е да си одиш“, напиша унгарскиот премиер

Се зголемува притисокот врз претседателката на Европската комисија откако Судот на правдата на ЕУ ја прогласи за одговорна за прикривање информации за договорите за вакцини, Европскиот парламент ќе гласа за недоверба.

1,751

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска јавно побара оставка од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, обвинувајќи ја за прикривање информации во врска со договорите за снабдување со вакцини во време на пандемијата. Орбан се повика на пресудата на Судот на правдата на Европската унија од 14 мај, со која Фон дер Лајен е прогласена за одговорна за непрозрачност во спроведување на договорите.

Повикот Орбан го објави на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), каде објави слика стилизирана како насловна страница на списанието „Time“, налик на онаа за повлекувањето на Џо Бајден од изборната трка. На сликата е претставена Фон дер Лајен со пораката: „Време е да си одиш“ („Time to go“).

 






Овој политички напад доаѓа во момент кога недовербата кон Фон дер Лајен сè повеќе расте. Над 70 европратеници на 27 јуни ја поддржаа иницијативата за изгласување недоверба, а предлогот веќе се разгледува во Европскиот парламент. Гласањето за недоверба е закажано за утре.

Орбан, кој често е во судир со институциите на Европската унија, ја користи оваа ситуација за да го засили својот став против, како што вели, „бриселската бирократија што ги крие вистините од граѓаните на ЕУ“.

Поврзани содржини