Џорџ Клуни: Направивме глупава работа што ги научивме близнаците да зборуваат италијански

1,445

Во текот на гостувањето во ток-шоу холивудскиот актер Џорџ Клуни откри дека неговите тригодишни деца зборуваат течно италијански јазик.

Педесет и девет годишниот оскаровец во средата беше гостин во популарното ток-шоу „Џими Кимел лајф“, каде што го промовираше претстојниот научно-фантастичен филм на Нетфликс, „Полноќно небо“.






Кимел го праша Клуни како се чувствува со Александар и Ела и сопругата Амал Клуни (42).

– Kако е да имаш тригодишни близнаци? – го запраша.

„Да, малку е лудо“, одговори Клуни, лежерен, опуштен и духовит, но и мажествен во црна кожЕна јакна над црна маица и сини фармерки.

„Направивме навистина глупава работа. А тоа е што тие зборуваат течно италијански на три години, но јас не зборувам италијански и мојата сопруга не зборува италијански“, рече Џорџ.

„Смешно е. Ги вооруживме со јазик. Кога ќе им кажам: Вратете се во вашата соба и исчистете ја! Тие одговараат: E, папо стронцо… а јас е, што?“

Клуни рече дека самозилоцаијата ја поминуваат во Лос Анџелес сите заедно, и дека неговата канцеларија е претворена во детска градинка.

Поврзани содржини