Некои медиуми пишуваат дека Џорџ и Амал го очекуваат своето трето (а можеби и четврто) дете, алудирајќи на тоа дека Амал е бремена со близнаци.
Џорџ Клуни (60) и Амал (43) наводно повторно ќе станат родители, а како што наведува странски извор, звучеле како Амал повторно да носи близнаци, пренесува „OK!“.
– Амал го помина првото тромесечие, но стомакот веќе почна да се познава, така што оваа вест наскоро сите ќе дознаат – им рекол изворот на новинарите.
Холивудскиот актер и адвокатката веќе ги имаат четиригодишните близнаци Александар и Ела, а според пишувањата на магазинот, Џорџ и Амал наводно на пријателите им ја откриле оваа среќна вест.
Според „OK!“, среќната вест им била соопштена на прославата по повод 4 јули, а како што вели неименуванот извор „звучело како повторно да чекаат близнаци“.
– Тоа е толку возбудливо. Џорџ зборуваше дека сака уште деца. Ела молела да добие сестра, па сите се надеваат на едно девојче. Но, секако, ќе бидат среќни во секој случај, сè додека бебињата се здрави – раскажал изворот и додал дека близнаците се воодушевени што пристигнува бебето.
Истата вест ја пренеле сите светски медиуми, а парот уште не се огласил.
Џорџ и Амал се венчаа во 2014 година во Венеција. Три години подоцна станаа родители на близнаци.
Минатата недела, имотот на славниот пар во Италија беше уништен од поплави, па штетата на нивниот замок, вредна 12 милиони фунти, е голема.