ЃОРЃИЕВСКИ ВЕТИ ПОДДРШКА ЗА ОПОЖАРЕНИТЕ ВО БИРАРИЈА Парична помош и привремено сместување ако е потребно

617

Градоначалникот на општината Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, пред зградата во населбата Бирарија каде што избувна пожар, соопшти дека на жената во чиј стан се случила несреќата ќе ѝ биде обезбедено сместување доколку нема каде да се смести и ќе ѝ се додели еднократна парична помош.

Се работи за жена која била во станот каде што избил пожарот и за девојка од станот над неа, која вдишала поголема количина чад.






-За жал вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви и штетата да е што помала. А ние, како локална самоуправа сме тука да излеземе како поддршка во овие први моменти, кога е најтешко – изјави Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини