📽️ ЃОРЃИЕВСКИ ВЕТИ КУЛТУРНИ СЦЕНИ НА КАЛЕТО И КАЈ АКВАДУКТОТ „Време е културата да ги соедини минатото и иднината“
Според најавата, археолошкиот локалитет „Скупи“ ќе добие нова културна сцена, а Скопското Кале ќе биде збогатено со дополнителни културни програми и простори за јавни настани. Дополнително, просторот околу Аквадуктот ќе биде облагороден и претворен во зона со културни содржини достапни за сите граѓани.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со цел да се поврзат историското наследство и современите вредности во интерес на сите граѓани.
„Време е културата да ги соедини минатото и иднината во интерес на сите луѓе,“ порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека нови културни сцени и содржини ќе се развиваат на повеќе локации низ Скопје.
Според најавата, археолошкиот локалитет „Скупи“ ќе добие нова културна сцена, а Скопското Кале ќе биде збогатено со дополнителни културни програми и простори за јавни настани. Дополнително, просторот околу Аквадуктот ќе биде облагороден и претворен во зона со културни содржини достапни за сите граѓани.
„Доаѓа време кога сите ќе живееме подобро. Го имате мојот збор. Најдоброто допрва доаѓа!“, порача Ѓорѓиевски во своето обраќање.