ЃОРЃИЕВСКИ ОЧЕКУВА ПОБЕДА ВО СКОПЈЕ ВО ПРВИОТ КРУГ Програмата ќе ја напише заедно со граѓаните
За сите нас е многу важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје, затоа што, еве пример, кога бевме во Гази Баба еден граѓанин рече секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, а кога ќе дојдат овие другите се растура, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје.
Програмата за Скопје ќе биде создадена од граѓаните кои ги очекуваат промените во градот, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје.
– Уште по првиот ден кога мојата политичката партија, претседателот Христијан Мицкоски како и Извршниот комитет ми ја дадоа довербата и поддршката започнав со теренски посети. Ги посетив општина Бутел, општина Гази Баба и продолжуваме секојдневно со останатите општини во градот. Верувам во силна победа и давам сè од себе што побрзо да биде готова програмата. Јас не планирам програмата да ја составувам канцелариски и сметам дека најправилниот начин е програмата да биде создадена токму од граѓаните кои ги очекуваат промените во градот Скопје – рече Ѓорѓиевски во гостување на ТВ Алфа.
Ѓорѓиевски објасни зошто е важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје и додаде дека ќе даде сè од себе ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг победи во градот Скопје.
– За сите нас е многу важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје, затоа што еве пример кога бевме во Гази Баба еден граѓанин рече секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, а кога ќе дојдат овие другите се растура. Значи верувам во силна поддршка од страна на граѓаните и ќе дадам сè од себе таа поддршка се валоризира и да имаме сериозна победа во првиот круг за градот Скопје – рече тој.
Ѓорѓиевски укажа дека сето ова се должи на сè она што тој и неговиот тим сработиле во овие 4 години за општината Кисела Вода.
– На одлуката јас да бидам кандидат за град Скопје влијаеше и сето она што јас и мојот тим го направивме во овие 4 години во Кисела Вода. Ние имаме реализација на еден сет на проекти кој никој не замислувал во минатото дека ќе дојдат на дневен ред, а камоли да се реализираат. Мене сите добро ме знаат дека не се откажувам пред предизвикот и очекуваат истото да се рефлектира и во градот Скопје. Нема да бидам човек кој ќе биде во канцеларијата и недостапен за граѓаните, туку сосема спротивно, ќе бидам постојано на терен и со граѓаните. Оние кои добро ме знаат, знаат дека сето ова го правам за да оставам нешто позади себе и по нешта по кои ќе ме паметат. Можам исто така да кажам дека ова е една од најголемите и најзначајните битки во животот и сум спремен максимално да се вложам, ќе дадам максимално ова го искористам во интерес на граѓаните – порача Ѓоргиевски.