Ѓорѓиевски му порача на Спасовски: Наместо да исплаќате вртоглави суми за СЈО, наградете ги здравствените работници

674

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ му порача на техничкиот премиер Оливер Спасовски да го прифати предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Господине Оливер Спасовски,






наместо да гласате уредби за исплата на вртоглави суми за плати на вработените во СЈО, кога народот останува без работа и нема што да јаде, прифатете го предлогот на Христијан Мицкоски и парите за СЈО, заедно со други средства исплатете ги на име награда за здравствените работници и униформираните лица во МВР и АРМ. Здравствените работници се во првите борбени линии. Тие работат и по 24 часа во денот за да спасат човечки живот. Треба да им се даде награда за нивниот надчовечки труд, ангажман и пожртвуваност во овие тешки моменти за сите нас како народ!

Се жртвуваат себе си и своите фамилии за нас и нашите фамилии. Да им оддадеме почит со овој гест“, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Поврзани содржини