🎥 ЃОРЃИЕВСКИ ГИ КАНИ СКОПЈАНИ НА ОТВОРАЊЕ НА НОВОГОДИШНАТА ПРОГРАМА Ветува спектакуларен новогодишен дочек

„На 15 декември, во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух“ – пишува градоначалникот на Скопје.

167

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски со обајва на Фејсбук ги покани скопјани, особено најмладите, да дојдат вечер во 18 часот на отворањето на новогодишната програма, која ќе трае се до новогодишната ноќ, со разни забавни настани, музички настапи и забава за сите генераци.

„Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. Во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух, напиша градоначалникот на својот фејсбук профил, а воедно објави и видео спот за промоција на новогодишната програма.






Според неговата објава, од утре до 31 декември секој ден ќе има настани и забави за сите генерации, а дочекот на Новата година ќе биде спектакуларен и незаборавен.

„На 15 декември, во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух. Веќе од наредниот ден, па сѐ до самата Нова година, ќе следуваат секојдневни настани и забави за сите генерации. А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен!“ – пишува градоначалникот.

Ѓорѓиевски најави дека денеска на прес-конференција ќе информира за новогодишното украсување и новогодишната програма и настаните на Град Скопје.

Поврзани содржини