Холивудскиот шармер Џорџ Клуни, кој е добитник на три Златни глобуси, два Оскара и на Наградата за животно дело, завчера го прослави својот 59. роденден.
Тој во друштво на својата сопруга, британско-либанската адвокатка Амал Клуни (42), го прослави роденденот во Малибу, Калифорнија.
Клуни е фотографиран од страна на искусните папараците како пред вилата на манекенката Синди Крафорд во Лос Анџелес разговара со нејзиниот сопруг Ренди Гербер и уште неколку други пријатели во групата.
Се чини дека Клуни одлучил да го прослави роденденот во куќата на плажа на Синди, затоа што тој со години е најдобар пријател на нејзиниот сопруг Ренди, па затоа сите решиле да се опуштат малку за време на пандемијата на коронавирусот.
Клуни во таа пригода бил во лежерно издание и носел фармерки и црна маица, како и очила за сонце. Иако фотографијата не е кристално јасна, може да се види дека актерот бил добро расположен и насмеан.
Инаку, во септември 2019 година, славната двојка Клуни исто така ја прослави својата годишнина од брак со Синди и Ренди.
FOTO: Backgrid USA