Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој до неодамна сметаше дека има опција преодното раководство во Бугарија да се одважи и да направи исчекор, денеска ја коригира оценката дека „не се охрабрувачки вестите што доаѓаат од Софија“.
Ова го изјави Османи откако се комплицираше политичката ситуација во Бугарија и станува се посигурно дека најверојатно ќе има нови парламентарни избори.
– Јас цело време бев на ставот дека политичка влада не е неопходна за да се донесе одлука за започнување на преговори, бидејќи политичката одлука за истата е веќе донесена. Донесена е во март 2020-та година со согласност и на Република Бугарија. И првата меѓувладина конференција требаше да биде само техничко исполнување на една политичка одлука и оттука се надевав дека може и техничка влада да ја донесе односно службена влада да ја донесе таа одлука. Меѓутоа очигледно тоа се покажа како неможно дека сепак ситуацијата во Бугарија е до тој степен да одлуката не може да се донесе без да се формираат институциите. Така да, сигурно дека овие вести коишто доаѓаат од таму не се охрабрувачки по однос на прашањето – изјави министерот за надворешни работи.
Османи вели дека С Македонија е спремна да продолжиме со разговорот и дека продолжува со реформите внатре во делот на европската интеграција.
Министерот Осамни вели дека погрешни биле неговите прогнози дека без политичка Влада во Софија е можно надминување на спорот.