ОПСТАНОКОТ НА ЛУЃЕТО ЗАВИСИ ОД ОПСТАНОКОТ НА ПЧЕЛИТЕ Светски ден на пчелата

На пчелите им се заканува глобално истребување поради човечките активности. Интензивните земјоделски практики, одгледувањето монокултури, употребата на пестициди и покачените температури поради климатските промени се само дел од факторите кои им се закануваат на пчелите.

561

Некои луѓе ги сакаат, некои се плашат од нив, многу луѓе го консумираат слаткиот нектар што го произведуваат, но малкумина всушност знаат многу за пчелите.Антон Јанша, пионер на современото пчеларство, е роден во Словенија на 20 мај 1734 година. На иницијатива на Словенија, во декември 2017 година, Обединетите нации го признаа овој датум како Светски ден на пчелите.

Овој ден е посветен на пчелите, промоцијата на пчеларството и пред се подигање на свеста за важноста на пчелите. Многу е важно да се едуцираат луѓето на оваа тема, бидејќи, за жал, не сме свесни колку зависиме од пчелите.






Опстанокот на пчелите и другите опрашувачи, како што се бумбарите и пеперутките, во моментов е загрозен од бројни човечки активности.

Зошто тоа треба да не загрижува и што можеме да направиме прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини