ОПШТИНИТЕ СО СДСМ СЕ ВО ЗАСТОЈ Коце Трајановски побара гласови за ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Скопје говореше на трибината на СМРО-ДПМНЕ во Битола „30 години се грижиме за Македонија“.

439

Локалната самоуправа е многу значајна во развојот на една држава. Европа се темели на локален и регионален развој, за жал кај нас не е така, изјави поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеник и градоначалник, Коце Трајановски на трибината на ВМРО-ДПМНЕ со наслов „30 години се грижиме за Македонија“ што се одржува во Битола.

Трајановски посочи дека секогаш кога е СДСМ на власт, па така и сега локалниот развој е во застој, општините стагнираат и тонат во долгови, а парите завршуваат на непрофитабилни работи.






– Во 90-тите се укинаа сите ингеренции на општините, Македонија стана една од најцентрализираните држави, општините станаа месни заедници, им се земаа урбанизам, финансии, се она што значеше развој и добиваа минимална дотација од државата. Со новиот закон за територијални организации од 2005 година кога СДСМ беше на власт се прекрши Европската повелба за локална самоуправа и ги измени границите на општините без согласност од самите општини и граѓани, но со минималните приходи за општините јасно дадоа до знаење дека СДСМ не сакаше да има локална самоуправа и развој во Македонија – рече Трајановски.

Тој говореше и за придобивките за општините во време на владеењето на  ВМРО-ДПМНЕ.

– Се вратија сите долгови на училиштата, се вратија долговите на општините и почнавме нормално да функционираме. Се донесоа закони со кои се зголемија изворните приходи на општините, како на пример продажбата на градежно земјиште 80 отсто од парите да одат кај општините, закон за минерални суровини, закон за закуп на земјоделско земјиште, грантови и тоа беше знак дека ВМРО-ДПМНЕ размислува за локалната самоуправа и да се подобрат условите на општините – рече Трајановски.

Според него, сега состојбата е многу лоша.

– Општините сега се во долгови, а парите одат кај невладини, манифестации, непрофитабилни и несоодветни инвестиции, од кои граѓаните не гледаат корист. Единствено вработуваат партиски луѓе. Македонија со СДСМ огромен застој во локалната самоуправа и затоа мора да се избориме да победи ВМРО-ДПМНЕ за да почнеме да работиме локалната власт да добие значење и да се подобрат условите за живот во секое населено место и општина – рече Трајановски.

На трибината учествуваа и поранешните министри Мартин Тренески и Маријан Ѓорчев, поранешниот технички премиер Емил Димитриев и првиот градоначалник на Битола Златко Милошески.

Поврзани содржини