ОПШТИНИТЕ КУБУРАТ СО ИНСПЕКТОРИ Во секоја општина ќе биде вработен соодветен инспектор
Јас кога станав градоначалник во општината немаше практично никаков инспектор, ниту градежен, ниту за домување, рече градоначалникот на Кисела Вода.
За исполнување на минималните услови за секоја општина да може да постапува соодветно, потребно е да се вработат уште околу 40 инспектори низ општините, изјави денеска претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Контроли, нагласи Ѓоргиевски, мора да се направат секаде и тука сите општини ќе си помогнат меѓусебно, а во наредниот период, како што рече, ќе се потрудат во секоја општина да биде вработен соодветен инспектор.
Оваа состојба не е нова, рече Ѓоргиевски, посочувајќи дека општините и досега меѓусебно соработувале во однос на инспекциските служби.
– Јас кога станав градоначалник во општината немаше практично никаков инспектор, ниту градежен, ниту за домување. Било каква инспекција не функционираше во нашата општина, дали тоа било од објективни или субјективни причини не навлегувам, но првата меѓуопштинска соработка ја направив со општина Ѓорче Петров, а сега сме општина којашто помага со инспекции во другите општини – изјави Ѓорѓиевски.