ОПШТИНИТЕ И НИВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ДОЛЖАТ 136 МИЛИОНИ ЕВРА Град Скопје им се придружи на Тетово и Гостивар на врвот на листата
Според податоците од Министерството за финансии, општина Тетово има доспеани, а неплатени обврски во износ од 8,3 милиони евра, општина Гостивар должи 8,3 милиони евра, а Град Скопје 7,3 милиони евра.
Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од 7,3 милиони евра, на крајот на 2023 година се најде меѓу најзадолжените. Во првите десет и натаму котираат Тетово и Гостивар. На новата должничка листа, со милионски долгови, голем број на јавни претпријатија формирани од државата, Град Скопје и од општините. Порталб ги рангира десетте најзадолжени општини и Јавни претпријатија.
Вкупниот долг на општините изнесува речиси 59 милиони евра. Во првите 10 најзадолжени општини и во 2023 година се Тетово и Гостивар. Според податоците од Министерството за финансии, општина Тетово со доспеани а неплатени обврски во износ од 8,3 милиони евра е рангирана на 9 место на новата должничка листа на сите должници. Локална власт на Тетово пријавила уште 109.00 евра по основ на недоспеани обврски. Општина Гостивар со доспеан неплатен долг од речиси иста сума како Тетово, 8,3 милиони евра е рангирана на 10 место. Веднаш зад овие две општини е Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од 7,3 милиони евра.
Според висината на долгот, трета најзадолжена е Општина Охрид со износ од 5,2 милиони евра, а милионски долгови пријавиле и Општина Делчево 3,1 милион евра, Општина Желино со 2,3 милиони евра, Општина Кисела Вода со износ на долг од 1,7 милиони евра и Општина Струга со приближно иста сума од 1,7 милиони евра. Општина Василево пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 1,5 милиони евра а Општина Аеродром должи скоро 1,1 милион евра. Долгот на останатите општини се движи под еден милион евра.
Општинските јавни претпријатија должат 77 000 000 евра. Меѓу најзадолжените јавни претпријатија формирани од Град Скопје е ЈП Водовод и канализација – Скопје кое со доспеани обврски во износ од 9 милиони евра се наоѓа на 7 место на новата должничка листа. Слична сума должи и ЈП Водовод Куманово кое е рангирано на осмото место. Со висина на долг од 6,4 милиони евра , на 13 место се наоѓа ЈП Колекторски систем – Скопје а со милионски долгови зад него се рангирани ЈП Водовод Охрид со скоро 6,1 милион евра и ЈКП Тетово со 5,7 милиони евра.
ЈСП – Скопје кое во континуитет се соочува со политичко-финансиски превирања, на крајот на 2023 година пријавило долг во износ од скоро 4,5 милион евра. ЈП Комуналец Струмица пријавило долг од речиси 4,2 милиони евра а зад него се ЈП Водовод и канализација Струга со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 3,8 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило Куманово со 3,6 милиони евра и ЈП Комуналец Гостивар со пријавени 3,4 милион евра.
Вкупниот долг на сите ЈП на државно, градско и локално ниво на крајот на декември 2023 та изнесувал скоро 77 000 000 евра. Јавните претпријатија во континуитет се соочуваат со финансиски проблеми кои се заострија со енергетската криза но во исто време го задржуваат статусот на државни фирми за вработувања по партиски клуч.