ОПШТИНА СТРУМИЦА КУПУВА 10 КОМБИЊА ЗА 7 МИЛИОНИ ЕВРА – 700.000 евра по комбе! Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кој ќе ја лапне провизијата од 2,5 милиони евра?!
Цена на еколошки автобус на метан е околу 250.000 евра. По секоја проценка – електричен автобус (НЕ КОМБЕ) треба да чини околу 450.000 евра. Во Струмица, Костадинов ги набавува за 700.000 евра. Кој ќе ја земе провизијата од 250.000 евра по комбе – или 2.5 милиони евра? - реагираше советникот Никола Маџунков од ВМРО-ДПМНЕ.
Никола Маџунков, советник во Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, открива дека струмичкиот градоналник Костадин Костадинов ќе потроши 7 милиони евра, односно 429,9 милиони денари за набавка на 10 комбиња.
„Костадинов со нов ПРОФИТЕРСКО – ПРОВИЗИСКИ проект пред избори. Објавена е набавка за електрични комбиња (капацитет 22 седишта) во Струмица по единечна цена од 700.000 евра – односно се трошат 7 МИЛИОНИ евра за набавка на 10 комбиња (429,9 милиони денари). За споредба, Општина Штип минатата година потроши 50 милиони денари за 6 автобуси (со капацитет за двојно повеќе патници). Според анализи на пазарот – цена на електричен автобус ( А НЕ на електрично комбе) чини 150.000-200.000 евра повеќе од автобус на метан (нели сме гасифицирана општина). Цена на еколошки автобус на метан е околу 250.000 евра. По секоја проценка – електричен автобус (НЕ КОМБЕ) треба да чини околу 450.000 евра. Во Струмица, Костадинов ги набавува за 700.000 евра. Кој ќе ја земе провизијата од 250.000 евра по комбе – или 2.5 милиони евра? Дали Костадинов пред избори прави профит бизнис зделка за 2.5 милиони евра провизија? Дали ја сака Струмица од срце за 2.5 милиони евра“, напиша Маџунков.