ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СО КОНЦЕРТ ЌЕ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ ДЕН Ќе настапуваат познати имиња, диџеи и дечињата од „Росица“

Стојне Николова, Даниел Дан, Мијата и диџеј Горан, пак, се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат ѓорчепетровци во вторник во реонскиот парк“, велат од локалната самоуправа.

106

Денот на општина Ѓорче Петров – 20 септември, утре ќе биде одбележен со целодневен свечен настан и свечена седница на Советот, но и со концерт кој ќе стартува во 18 часот.

„Програмата е наменета за сите возрасти. Настап ќе имаат дечињата од градинката „Росица“, танцовото студио „Бранимир и Бранкица“ и КУД „Глигор Прличев“. Стојне Николова, Даниел Дан, Мијата и диџеј Горан, пак, се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат ѓорчепетровци во вторник во реонскиот парк“, велат од локалната самоуправа.






Манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево“-ЕФЗ Седум осмини и Ансамбл Ѓорче Петров е предвидена да се одржи во сабота, на 24 септември, во 12 часот во паркот. На овој настан ќе му претходи крводарителска акција во Центарот за култура во 10 часот, а денот ќе биде затворен со кинолошката изложба на стадионот „Македонски лавови“ во 18 часот.

„Одбележувањето на општинскиот празник ќе се заврши со настанот „Сите во Кучково“ на 25 септември во 12 часот со старт кај крстот во Кучково. Со велосипеди и пеш ќе ги промовираме новите велосипедски и пешачки патеки на оваа локација“ми, известуваат од општината.

Општина Ѓорче Петров ги повикува сите граѓани заедно да се одбележи општинскиот празник, но и сите настани кои следуваат. 

Денеска над 400 првачиња од основните училишта во општината Ѓорче Петров продефилираа на стадионот „Македонски лавови “ учејки за социјалните и здравствените придобивки од спортот.

Поврзани содржини