ОПШТИНА КОЧАНИ ГИ ИСЕКЛА БАНДЕРИТЕ ЗА СТРУЈА ЗА 20 РОМСКИ СЕМЕЈСТВА Партијата за демократски просперитет на Ромите обвини за нехуманост

Се работи за крајно недемократско и душманско постапување кон овдешните граѓани, припадници на ромската заедница, со целосното нивно исклучување од електричната мрежа, со сечење на дрвените бандери, за што е употребена механизација, рече денеска претседателот на ПДПР Аксел Ахмедовски.

693

Нехумана постапка на локалната, но и на централната власт, кои со години не го решаваат статусот на семејствата кои живеат во супстандардни услови, а сега ја исклучија  електричната енергија на семејствата кои живеат во Старата касарна во Кочани, реагираше денеска претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) Аксел Ахмедовски.

– Се работи за крајно недемократско и душманско постапување кон овдешните граѓани, припадници на ромската заедница, со целосното нивно исклучување од електричната мрежа, со сечење на дрвените бандери, за што е употребена механизација, па дури и полициска асистенција и војска. Како власта постапува со овие луѓе, кои немаат никаква заштита и ги остава на милост и немилост? Едноставно ги третира како да се претставници на некоја криминална банда од највисок степен. Апелираме дека и градоначалникот и пратеникот од Кочани имаат одговорност за луѓето кои страдаат и не можат да ги извршуваат своите основни обврски – рече Ахмедовски.






Од ПДПР ја повикаа локалната власт да преземе конкретни мерки, наместо да организира јавни трибини и да троши пари за подигање на свеста на Ромите.

– Како потпретседател на партијата и советник во Советот на Општина Кочани, в понеделник ќе иницирам вонредна седница, на која единствена точка на дневниот ред ќе биде решавање на статусот на жителите од Старата касарна, поттикнато од актуелното исклучување на електричната енергија. Доста се манипулации и барање гласови на изборите од овие луѓе, време е да се обезбедат нормални услови за живот и за нив, истакна Аки Акиов – потпретседател на ПДПР.

Во Старата касарна во централното подрачје на Кочани живеат дваесетина ромски семејства, за кои пред четири години беше почнат проект поддржан од Владата за изградба на наменски објекти за домување на друга локација. Поради реакции на месното население, проектот тогаш беше прекинат, а семејствата останаа во објектот изграден пред десет децении, кој што се распаѓа.

Поврзани содржини