ОПШТИНА КАРПОШ ГИ ПОВРЕДИЛА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА Народниот правобранител му укажал на Јакимовски

Народниот правобранител доставил Укажување до градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и до претседателот на Советот на Општина Карпош, за констатирана повреда на правата на децата згрижени во детските градинки во општина Карпош.

249

Советот на Општина Карпош ги повредил правата на децата згрижени во детските градинки на оваа општина со тоа што донел одлука со која децата кои не се со место на живеење таму, треба да се отпишат најдоцна до 10 јуни 2022 година, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Народниот правобранител согласно законски определениот мандат и надлежности, меѓу другото, за заштита и остварување на правата на децата, благовремено презеде дејствија и достави Укажување до градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и до претседателот на Советот на Општина Карпош, за констатирана повреда на правата на децата згрижени во детските градинки во општина Карпош.






– Со донесената Одлука се врши повреда на правата на децата, им се наштетува на овие деца и се постапува спротивно на најдобриот интерес на децата загарантиран со Конвенција за правата на детето и со Законот за заштита на детето, а воедно се постапува и спротивно на Уставот на Република Северна Македонија, и побара отстранување на констатираната повреда – велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Поврзани содржини