ОПШТИНА ЦЕНТАР ТРАНСПАРЕНТНО И ОТЧЕТНО Издадени 68 правосилни одобренија за градење за барања поднесени од 1 јануари 2021

Како одговорна, транспарентна и отчетна општина, Центар од оваа година започнува нова активност, односно објавување на полугодишни извештаи за издадените одобренија за градење.

103

Општина Центар издала вкупно 68 одобренија за градење на територија на Општината, кои се однесуваат на барања поднесени од 1 јануари 2021 година. Од доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на позицијата, односно од 4 ноември 2021 година заклучно со денеска (15.11.2022), издадени се 35 правосилни одобренија за градење.

Се работи за управни постапки кои ја имаат поминато целата процедура за издавање правосилно одобрение за градење и до општината ја имаат доставено целосната потребна документација.






„Овие полугодишни извештаи, кои општината ќе ги објавува, се уште еден чекор напред кон целосно воспоставување на целосно транспарентни и отчетни институции. Оваа нова востановена практика на Општина Центар е позитивен пример и за останатите општини, не само во Скопје, туку и во целата држава, за тоа како да се подигне нивото на транспарентност во самите институции“, се вели во соопштението од Општината.

Поврзани содржини