Општина Центар ѝ ги отстапи службените возила на Полициската станица Центар

Полицијата укажала дека има потреба од времено користење на службени патнички моторни возила во сопственост на Општина Центар.

483

Советот на Општина Центар на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ донесе одлука да ги даде на времено користење службените моторни возила на Полициската станица Центар.

– Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на ПС Центар, со цел поефикасно извршување на нивните работните задачи и зголемениот број теренски активности кои ги имаат полициските службеници за време на полицискиот час во време на пандемијата од ковид-19. Со оваа мерка која ја презема Општина Центар дополнително ќе го зголемиме капацитетот и ефикасноста на полицијата во извршување на редовните контроли на територијата на Центар – изјави градоначалникот Богдановиќ.






Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија – Биро за јавна безбедност, Секторот за внатрешни работи Центар – Бит-пазар укажале дека за потребите на Полициска станица од општа надлежност Центар, потребно е времено користење на службени патнички моторни возила во сопственост на Општина Центар.

Поврзани содржини