ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРОДОЛЖУВА СО ЕКО ИНВЕСТИЦИИТЕ Објектот „Пчелка 2“ добива нова енергетски – ефикасна фасада
Градоначалникот Тимчо Муцунски во својата Фејсбук објава истакна дека преку рамномерни инвестиции во сите населени места и сите сфери на живеењето, Општина Аеродром ги подобрува условите за живот, раст, развој и едукација, а со инвестициите во еко проекти се унапредува животната средина и се придонесува за креирање одржлива средина за живеење.
Oбјектот „Пчелка 2“ кој е дел од детската градинка „Буба Мара“ добива нова енергетски – ефикасна фасада со која објектот ќе биде целосно енергетски ефикасен.
„Со тоа значително ќе се подобрат условите за згрижување на децата, ќе се подобри средината во која тие растат и се едуцираат и ќе се заштеди електрична енергија. Финансиски средства кои ќе бидат заштедени на овој начин во следниот период ќе бидат инвестирани во нови проекти наменети за дечињата во Аеродром“, информираа од Општина Аеродром.
Градоначалникот Тимчо Муцунски во својата Фејсбук објава истакна дека преку рамномерни инвестиции во сите населени места и сите сфери на живеењето, Општина Аеродром ги подобрува условите за живот, раст, развој и едукација, а со инвестициите во еко проекти се унапредува животната средина и се придонесува за креирање одржлива средина за живеење.
„Посебно се радувам на зелените проекти, затоа што тие се долгорочен придонес за здравата и зелена животна средина од која придобивките ќе ги имаат и идните генерации. Преку рамномерни инвестиции во сите населени места и сите сфери на живеењето, ги подобруваме условите за живот, раст, развој и едукација во Аеродром, а со инвестициите во еко проекти ја унапредуваме животната средина и придонесуваме за креирање одржлива средина за живеење“, напиша Муцунски на Фејсбук.
Од Општината додаваа дека реконструкцијата на оваа и останатите детски градинки е значаен чекор кон одржлива иднина. Ваквите проекти и новите паркови кои се изведуваат на неколку локации во Аеродром се нивен придонес за здрава животна средина и тие ја потврдуваат нивната решеност за Аеродром да биде чиста и зелена општина, лидер во енергетска ефикасност и одржливост.