ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ Наталожениот отпад ја загрозува животната средина и животот на луѓето
Пријавата е пропратена со фотографии од контејнери со отпад кои ги исчистила општината.
Општина Аеродром поднесе кривична пријава против јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во која обвинува дека не ја врши својата основна дејност – собирање на отпад со што ја загрозува животната средина и здравјето и животот на граѓаните.
Од општината во пријавата која е испратена до Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи се наведува дека отпадот во оваа општина не е собран од 15 септември.
„На повеќе локации во општината комуналниот отпад не е собран во и околу садовите со што се загрозува животната средина, односно средината во која се движат луѓето. Поради ненавременото собирање на отпадот од домаќинствата секојдневно има исцедок од садовите за смет од кој се шири непријатна миризба, а се нагрдува и просторот“ се вели во пријавата.
Пријавата е пропратена со фотографии од контејнери со отпад кои ги исчистила општината.
