ОПШТИНА АЕРОДРОМ ГО ОСУДИ ВАНДАЛИЗМОТ ВО ПАРКОТ „БАНОВИНА“ Некој кршел клупи, ја оштетила фонтаната, ја обил чуварската куќа

Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме дека сме зрела и одговорна заедница. Само така можеме да имаме уредена, безбедна и достоинствена општина“, се вели во соопштението.

29

Општина Аеродром го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде е искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа.

Од Општината нагласуваат дека брутално е уништена заедничката сопственост на сите граѓани и додаваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција.






„Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме дека сме зрела и одговорна заедница. Само така можеме да имаме уредена, безбедна и достоинствена општина“, се вели во соопштението.

Паркот „Бановина“ неодамна беше целосно обновен, со нова, современа урбана опрема за уживање на сите генерации. 

Поврзани содржини