ОПШТИНА АЕРОДРОМ Е СОЛИДАРНА СО НАРОДОТ НА УКРАИНА Парична помош за Украинците кои ги напуштија домовите
Од оваа скопска општина порачаа дека упатуваат осуда кон секаков вид агресија и воена интервенција чие место дефинитивно не е во 21 век.
Општина Аеродром изразува солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина.
Од оваа скопска општина порачаа дека упатуваат осуда кон секаков вид агресија и воена интервенција чие место дефинитивно не е во 21 век.
„Со одлука на Советот, Општина Аеродром ќе донира 150 илјади денари парична помош за украинскиот народ кој минува низ тежок период предизвикан од воената агресија.“, се вели во соопштението од Општина Аеродром.