ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЌЕ ИЗДАДЕ „ЗЕЛЕНА ОБВРЗНИЦА“ Новиот буџет е посветен на капитални инвестиции

Во општината во моментов се проектира буџетот за 2023 година со кој, меѓу другото се планира изградба на две детски градинки и на нов плоштад зад Капитол, доградба и надградба на две училишта и нови паркови.

60

Општина Аеродром за првпат следната година ќе издаде „зелена обврзница“ која ќе биде поддршка во реализација на капиталните инвестиции во време на економска и енергетска криза.

Во општината во моментов се проектира буџетот за 2023 година со кој, меѓу другото се планира изградба на две детски градинки и на нов плоштад зад Капитол, доградба и надградба на две училишта и нови паркови.






– Овој начин на работа продолжува и во наредниот период. Општина Аеродром во моментов го проектира буџетот за 2023 година во кој планираме инвестиции во неколку важни и капитални проекти. Проектирање и почеток на изградбата на две детски градинки и изградба на нов плоштад зад Капитол, доградба и надградба на две училишта и нови паркови во Аеродром се само дел од капиталните проекти кои ги најавуваме на следната година – стои во соопштението.

Од општината велат дека фокусот е ставен на зелен и хуман развој кој ќе продолжува и во следниот период со многу поголем интензитет и диманика. Тоа подразбира дека сите нови објекти кои Општина Аеродром ќе ги изгради во следниот период ќе имаат систем за енергетска обновливост и енергетска ефикасност.

– Општината ги намалува непродуктивните трошоци и вложува во капитални проекти. За првпат Општина Аеродром следната година ќе издаде „зелена обврзница” која ќе биде поддршка во реализација на капиталните инвестиции во време на економска и енергетска криза – информираат од Аеродром.

Оттаму додаваат дека следната 2023 година ќе биде година на интензивни капитални инвестиции.

Граѓаните на Аеродром заслужуваат модерна и развиена општина. Општина во која се инвестира, се градат капитални проекти. Општина во која се реализираат голем број проекти и каде европските стандарди интензивно се реализираат и имплементираат, за што говори и последното признание кое Аеродром го доби од страна на Советот на Европа – се вели во соопштението.

Поврзани содржини