ОПШТИНА ЧАИР ДОНИРА 1 МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Општината ќе продолжи да обезбедува поддршка за настраданите

Ова го одлучи советот на општината на денешната вонредна седница на која се расправаше за предлогот да се издвојат пари од буџетот за помош на настраданите во Кочани.

105

Скопската Општина Чаир ќе донира 1 милион денари за помош на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани.

Ова го одлучи советот на општината на денешната вонредна седница на која се расправаше за предлогот да се издвојат пари од буџетот за помош на настраданите во Кочани.

Оваа донацијата, како што рече градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, е само прв чекор, бидејќи општината ќе ги продолжи да ги поддржува индивидуите и семејствата кои минуваат низ тешки периоди.

– Ова е тешко време за сите нас, и како заедница, наша должност е да бидеме покрај оние кои ги загубиле најблиските. Ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка и да се осигуриме дека секој граѓанин ќе се чувствува безбеден и поддржан. Ова претставува важен чекор за обезбедување помош и солидарност во тешките моменти, и ќе служи како пример за заедничката одговорност за помошта и поддршката на оние кои се во потреба –  изјави Ганиу.

 

Поврзани содржини