ОПШТЕСТВО ВО КОЕ СЕ ПОЧИТУВААТ РАЗЛИЧНОСТИТЕ Весковски ги слушна проблемите на лицата со телесен инвалидитет

Претставниците од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, му ги кажаа на Весковски сите проблеми и предизвици кои се нивно секојдневие.

195

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош Душко Весковски денеска се сретна со членовите на „Мобилност Македонија“ со кои зборуваше за инклузија на лицата со телесен инвалидитет.

Претставниците од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, му ги кажаа на Весковски сите проблеми и предизвици кои се нивно секојдневие.






Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет Мобилност Македонија ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси во комуникација со државните органи во Република Македонија, како и на меѓународно ниво.

– Посветивме внимание и време во кое се разговараше за недискриминација и поттикнување на лицата со телесен инвалидитет да се потпираат на сопствените сили и способности, за економска, социјална, здравствена и правна заштита, како и создавање услови за непречен секојдневен живот – рекоа од Мобилност Македонија.

Кандидатот за градоначалник Весковски, заедно со присутните советници, истакна дел од програмата за Локалните избори 2021.

– Ќе обезбедиме висок степен на инклузија на лицата со посебни потреби во општествените процеси, а при реализацијата на кој било проект во Општината, ќе се применуваат највисоките стандарди за олеснување на нивното движење и секојдневие. Визијата e една и заедничка – општество во кое се почитува различноста на секој граѓанин – порача тој.

Поврзани содржини