ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ Видеолотарија Касинос Австрија донираше 7,6 милиони денари во 2021
Видеолотарија Касинос Австрија во склоп на своите заложби за општествена одговорност, отпочна со реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја.
Видеолотарија Касинос Австрија како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Последниве години, општествената одговорност стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој, станаа своевидно светско движење.
– Нашата компанија настојува да го негува овој тренд. Сакаме да бидеме одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество. Во текот на 2021 од нашиот буџет одвоивме фонд за донации во вкупен износ од 7.641.786 денари. И оваа година без исклучок, сакавме да дадеме свој придонес во спортот, образованието, културата, здравството. За таа цел во текот на оваа година обезбедивме донации од 5.570.600 денари за спортисти и спортски клубови, како и 2.071.186 денари, средства за донации од јавен интерес. Оваа година сме особено горди на нашето ново партнерство со ФФМ, долгогодишната соработка со автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, новите соработки со Горан Пандев, Кире Лазаров и Едина Муса како наши бренд амбасадори – велат од компанијата.
Видеолотарија Касинос Австрија во склоп на своите заложби за општествена одговорност, отпочна со реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Во склоп на овој проект, годинава во функција го ставија првото мултифункционлано игралиште во Скопје.
Со реализација на буџетот за донации, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните, кои најавува дека ќе продолжи да ги негува и надградува и во иднина.