📽 ОПСЕДНАТ Е СО ГОЛЕМИНАТА НА… Обама го исмеа Трамп со гестикулација
Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, зборувајќи за опседнатоста на Доналд Трамп со големината, ги оддалечи рацете една од друга, а потоа ги доближи, пред да го спушти својот поглед, глумејќи дека е изненаден од овој гест, што предизвика насмевки кај публиката а ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.
Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го исмеа републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, во текот на својот говор на Демократската национална конвенција.
– Трамп е опседнат со големина – рече Барак Обама.
Обама ја потенцираше „невообичаената опседнатост на Трамп со големината на (публиката)“, при што гестикулирајќи со рацете тој ја инсинуираше големината на нешто друго, пренесува Форбс.
Обама зборувајќи за опседнатоста на Трамп со големината, ги оддалечи рацете една од друга, а потоа ги доближи, пред да го спушти својот поглед, глумејќи дека е изненаден од овој гест, што предизвика насмевки кај публиката а ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.
Поранешниот претседател зборуваше за некои од најчестите забелешки на Трамп, вклучувајќи ги неговите „детски прекари“, „лудите теории на заговор“ и „оваа невообичаена опседнатост со големината на публиката“.
Инаку, Трамп порано овој месец, во една од неговите објави, лажно тврдеше дека потпретседателката и демократска кандидатка за претседател на САД, Камала Харис, користела вештачка интелигенција за да го зголеми бројот на присутни на нејзините собири во рамките на претседателската кампања.
Barack Obama explains why Donald Trump is so obsessed with “Crowd Sizes”. 😂😂😂#TinyTrump #NoDickDonald #StormyKnows#MAGA #TrumpIsDone #MAGAIsOver #HarrisWalz2024 #VetsAgainstTrump #DNC #VoteBlue pic.twitter.com/CzCNWeqGtd
— Web Godfather (@NickLongo) August 21, 2024