ОПРАВДАНА Е ОДЛУКАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ Владата има одговорност не само да ги констатира проблемите, туку и да презема мерки
Митева изјави дека одлуката на Владата е оправдана, бидејќи е базирана на темелна анализа на последните настани и извештаи кои ја опишуваат позицијата на Македонија.
Иницијативата на Владата за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски е резултат на темелна анализа на состојбите во правосудниот систем, кои се одразуваат во негативните статистики и извештаи, изјави вечерва владината портпаролка Марија Митева во емисијата „Објектив“ на МТВ.
Таа нагласи дека Владата има одговорност не само да ги констатира проблемите, туку и да презема мерки.
Според неа, потребна е реформа во правосудството, како и решавање на проблемите со недостатокот на кадар и ефикасност во судскиот систем.
Митева изјави дека одлуката на Владата е оправдана, бидејќи е базирана на темелна анализа на последните настани и извештаи кои ја опишуваат позицијата на Македонија.
Според неа, важен е проактивниот пристап, не само констатирање на состојбите, туку и преземање мерки.
Митева смета дека секој во Владата треба да преземе одговорност за ситуацијата во рамките на својата функција.
– Сметам дека многу аргументи има зошто е донесена една ваква одлука на последната седница на Владата. Сметам дека е добро анализирана состојбата која што се случувала изминативе години и месеци. Сметам дека во самата најава споменавте и извештаи коишто ја рангираат Македонија или ја спуштаат едно, две, три, па некогаш и 12, 13, 15 места надолу. Сметам дека како Влада имаме одговорност да не делуваме само аналитички, не можеме само да ги констатираме состојбите и за истото да даваме сопствено мислење дали е добро или лошо без притоа да преземаме било какви чекори. И тука некаде ценам дека ваквата одлука на Владата е сосема оправдана. Мислам дека потребно е секој да преземе одговорност за состојбите кои ги има при обавувањето на позицијата која што ја врши – изјави Митева.
Митева додаде дека според статистиките за довербата на граѓаните во правосудниот систем, како и актуелните случаи со криминални вмешаности, елементи од последниот извештај на Транспаренси, присуството на врховни судии во контроверзни ситуации и скандалите во Судскиот совет, одлуката е оправдана, а Владата како носител на одговорност мора да ги преземе потребните чекори.
– Ако ги погледнеме статистиките за довербата на граѓаните во правосудниот систем во целина, ако погледнеме какви се состојбите и со какви случаи ние се среќаваме, ако видиме дека имавме јавен обвинител кој беше вмешан во криминал и е дел од овој последен извештај на Транспаренси, ако видиме дека имаме врховен судија кој е вклучен, ако ги видиме скандалите во Судскиот совет и ако ги земеме сите тие состојби во целина, тогаш сметам дека една ваква одлука и те како е оправдана и очекувана од граѓаните, а од нас како Влада да ја превземеме – нагласи Митева.
Митева истакна и дека како партија, ВМРО-ДПМНЕ, е обврзана на реформи во правосудството, осигурувајќи одговорност за сите прекршители на законите.
Таа додаде дека се работи и на решавање на проблемите со слабиот судски систем и недостатокот на кадар, со цел обезбедување на ефикасно судење.
– Како политичка партија зборувавме дека ќе направиме реформа во правосудниот систем и дека секој оној кој се огрешил пред законот ќе одговара. Како одговорна власт и како власт која размислува како да овозможи на слабото судство, кое има огромен број на предмети, да се соочи со недостатокот на кадар, кој ќе треба да овозможи ефикасно и ефективно судство – истакна Митева.