Опра Винфри ја продаде луксузната вила по само три години и од неа заработи милиони долари (ФОТО)

940

Медиумската могулка и милијардерка Опра Винфри го продаде својот луксузен имот на брегот на Пацификот за 14 милиони долари.

Имотот се наоѓа на островот Оркас, сместен во екстремниот северозападен дел на Соединетите држави во државата Вашингтон, помеѓу Сиетл и Ванкувер, Канада.






Целиот имот се протега на нешто повеќе од 16 хектари, со крајбрежје долго 914 метри.

Главната куќа се простира на 678 квадратни метри и содржи 4 спални соби и 3 бањи.

Се чини дека славната водителка не ја огласила продажбата, но во огласите објавени во 2018 година кога Опра ја купила, било наведено дека куќата е украсена со одлична завршна обработка со дрвени облоги и челик, грејни подови, шпорет на дрва, врвни кујнски апарати, голем кујнски остров и остава.

Од остатокот од внатрешноста на луксузната куќа, се издвоени пространата просторија за дружење и забава, винарската визба, библиотеката и големата канцеларија.

Ни надворешноста на имотот не е помалку импресивна, а ја красат плажи, шеталишта, азиска градина, сауна, езерце и поток.

Иако изгледа како совршено место за живеење, за славната милијардерка, овој имот се чини дека бил само одлична можност за оплодување на капиталот, бидејќи пред три години го купила за 8,3 милиони долари.

Со повеќе од 5,7 милиони долари во џебот, се сомневаме дека со тешко срце се простила од имотот.

Luksuzna kuća Oprah Winfrey

Luksuzna kuća Oprah Winfrey

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини