ОПОЗИЦИЈАТА „ГОРИ“ ВО КРИЗА, ВЛАСТА СПРЕЧУВА ПОЖАРИ Ќе се ангажираат 400 пожарникари во најзагрозените општини, безбедноста е најважна, порачува Вреди

Целта на оваа мерка е да се обезбеди брз и ефикасен одговор за спречување на ширењето на пожарите, особено во текот на жешките летни месеци, соопшти Вреди.

212

За да се справи со предизвиците што ги носи летната сезона и зголемениот ризик од пожари, Владата преку Оперативниот план за 2025 година ќе ангажира 400 нови пожарникари во општините со најголеми потреби, соопшти коалицијата Вреди.

Целта на оваа мерка е да се обезбеди брз и ефикасен одговор за спречување на ширењето на пожарите, особено во текот на жешките летни месеци.






„Пожарникарите се херои на првата линија во борбата против пожарите, ризикувајќи ги своите животи за да ги спасат граѓаните, материјалните средства и нашата животна средина. Затоа, зајакнувањето на капацитетите во оваа насока не е само неопходност, туку и почит и поддршка за нивната херојска работа. Додека опозицијата „гори“ во криза, противречности и недостаток на визија, ние спречуваме пожари во полна смисла на зборот. Ние сме на терен, со конкретни планови и одмерени акции, за да ја направиме државата функционална и безбедна за сите граѓани“, се вели во соопштението на Вреди.

Во исто време, се додава, Оперативниот план за 2025 година предвидува и вработување на 600 невработени лица во рамките на локални проекти поврзани со инфраструктурата и заштитата на животната средина во општините.

„Оваа мерка има цел не само да го промовира локалното вработување, туку и активно да ги вклучи граѓаните во градењето и одржувањето на здрава животна средина. Вреди останува посветен на обезбедување конкретни решенија за потребите на граѓаните, зближувајќи ја безбедноста, развојот и благосостојбата за сите“, соопшти коалицијата.

Поврзани содржини