ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО 3 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Николоски предвидува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ
Ние сме подобри од изборите од минатата година, но она што е важно е дека ќе имаме далеку подобар резултат од локалните избори и не е нереално дека опозицијата ќе движи меѓу нула и три градоначалници максимум - рече Николоски во вечерашното интервју за Канал 5 телевизија.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври годинава.
Според него, партијата ќе има далеку подобар резултат од минатите локални избори. За опозицијата рече дека ќе се движи од нула до три градоначалници максимум.
– Ние сме подобри од изборите од минатата година, но она што е важно е дека ќе имаме далеку подобар резултат од локалните избори и не е нереално дека опозицијата ќе движи меѓу нула и три градоначалници максимум – рече Николоски во вечерашното интервју за Канал 5 телевизија.
За Град Скопје, рече дека ќе одат со партиско решение поучени од минатото.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека кандидатот за градоначалник на Скопје ќе биде познат кон средината на јули и дека има неколку имиња кои се предмет на анкети.
Николоски ја отфрли можноста за одржување на предвремени парламентарни избори додавајќи дека ги исполниле трите клучни ветувања дадени во предизборната кампања, а тоа се ДУИ да оди во опозиција, да не виткаат кичма пред Бугарија и да дадат силен фокус на развој на економијата.