ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ГО КОЧИ ЗАДОЛЖУВАЊЕТО ОД УНГАРИЈА Лукаревска не го ставила на дневен ред

Мицкоски вели дека претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет Сања Лукаревска нема да го стави на дневен ред на денешната седница предлог законот за задолжувањето од 500 милиони евра.

284

Провизиите кои ги плаќале владите на СДСМ и на ДУИ за задолжувањата преку еврообврзници се од 12 до 20 пати повисоки од адвокатската провизија која ќе ја платиме за половина милијарда кредит, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, запрашан дали е висока провизијата за правните услуги за унгарскиот кредит.

– Вчера реков дека провизијата за половина милијарда евра изнесува 0,4 % од износот, но вистинскиот процент на адвокатската провизија е некаде отприлика 0,014%. Направив анализа колку плаќале претходните влади за задолжувањето преку  еврообврзниците. Таа провизија тие што ја плаќале е од 12 до 20 пати повисока од оваа – рече Мицкоски.






Тој рече дека ваквите провизии се стандардни за земање заеми.

Мицкоски информира дека добил информација дека претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет Сања Лукаревска нема да го стави на дневен ред на денешната седница предлог законот за задолжувањето од 500 милиони евра, бидејќи така се договориле во СДСМ.

– Деловникот е јасен. Има период до кога треба да се стави на дневен ред и сѐ што треба да се прави ќе се прави. Опозицијата (СДСМ, ДУИ и Левица) ќе се обиде, дури мислам, и на недемократски начин да ја опструира работата на Комисијата. Но, наша задача е да го зачуваме достоинството на институцијата и да обезбедиме средства за развој за општините и на компаниите. Вистинската намера на опозицијата е стравот, бидејќи ако овие средства се вложат на начин на кој планираме да ги реализираме, ние ќе имаме политички бенефит од сето ова и на тој начин преку реализација на проектите во општините и на компаниите државата ќе тргне напред. Тоа е вистинската причина, а не провизијата, која како што реков, е од 12 до 20 пати пониска од онаа со која тие се задолжувале – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини