Опозицијата бара независна истрага за бавната реакција на Џонсон на епидемијата од ковид-19

246

Независна истрага за дејствијата на премиерот Борис Џонсон во врска со кризата околу коронавирусот мора да биде спроведена во Велика Британија, бара опозициската Либералнодемократска партија.

– Штом излеземе од кризата, секако мора да има независна истрага за реакцијата на Владата на пандемијата, за да можеме да извлечеме поуки од тоа. Истрагата треба да добие максимални можни ингеренции, со оглед на шокантните неуспеси во обезбедувањето на заштитни средства и бавната реакција на Владата – рече Ед Дејви, вршител на должноста лидер на партијата.






Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер исто така рече дека Владата реагирала бавно на кризата и во одреден момент земјата ќе мора да го разгледа ова прашање.

Поврзани содржини