ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИСТРАГА, ВЛАСТА ВЕЛИ ИСТРАГАТА Е ЗАПОЧНАТА Има ли криминал во аферата со УЈП?

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска повторно ги повикаа надлежните институции да реагираат, тврдејќи дека случајот со УЈП  е афера тешка 30 милиони евра.

573

Очајна е тактиката на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, дознале информации за актуелна истрага за незаконитости кои ги открила УЈП и со шпекулации се мачат да ја претстават како афера, порачуваат од СДСМ.

„Нема афера туку утврдено незаконско работење кое УЈП го откила уште во јуни 2021 година и сите документи, докази и материјали се доставени до надлежни институции. Предметот е веќе во предистражна постапка. ВМРО-ДПМНЕ на овој начин прави штета на самата постапка и се обидува да го поткопа функционирањето на институциите. Но, и тоа нема да успее“, се вели во соопштението на владејачката партија.






Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска повторно ги повикаа надлежните институции да реагираат, тврдејќи дека случајот со УЈП  е афера тешка 30 милиони евра. Пари, кои според нив, се незаконски повлечени од државниот буџет.

– МВР и ЈО со денови молчат за оштетувањето на буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ во висина и до 30 милиони евра, во кои што главни актери се луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ. Според нашите сознанија, за кои што постојат и докази преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ од УЈП фирми блиски до СДСМ и ДУИ шемата одела со две фирми во кои едната фирма се јавувала како фиктивен побарувач на ДДВ од УЈП, а другата фирма се јавувала како должник на ДДВ во УЈП. Фирмата која што е фиктивен побарувач и приоѓа на фирмата која што е вистински должник и со правење на договор за цесија со цел пребивање на долгот кој што реално го должи фирмата должник кон УЈП за определен надомест се оштетува буџетот и целата таа операција на оштетен буџет од тие фирми кои што се вмешани достигнува во висина и до 30 милиони евра – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Поврзани содржини
na