ОПОЗИЦИЈАТА ЈА ОБВИНУВА ВЛАСТА ЗА КОРУПЦИЈА Нема пари за гаснење пожари, а има за бонуси!

„Ова е класичен режим. Ова е награда за послушност, награда за следење на несоодветните, за спроведување на недоветните одлуки, ова е награда пред избори за своите партиски војници“, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

622

„Режимот на власт освен за поткуп не знае за ништо друго! Одлучи да доделува до 30 отсто на плата на администрацијата по министерствата, на стартот на изборен период. Режимот спроведува класична системска корупција за над 20 илјади буџетари“. Оова денеска го изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е владиниот документ, од 5 август, во којшто се наведени сите министерства и сите владини служби за можност на оние, „со зголемен обем на работа“ и, внимавајте „вреднување на нивната успешност,“ селективно да им се даваат бонуси на плата по два основи, вкупно по 30% од платата – рече Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.






Тој додава дека во Буџетот немаше пари за пожарникарите, нема опрема за гаснење пожари, немаше за вакцини на време, немаше за ништо, ама за бонуси на плата среде рецесија мора да се има!

– Ова е класичен режим. Ова е награда за послушност, награда за следење на несоодветните, за спроведување на недоветните одлуки, ова е награда пред избори за своите партиски војници. И тоа по лична проценка на режимот! Над 20.000 административци се поткупуваат со буџетски пари, пораката е бидете послушни и безпоговорни пред лошите одлуки и ќе добиете бонус. Приватниот сектор незадоволен од мерките, а е носител на економијата е оставен сам на себе. Ама важно има за буџетската партиска војска. Веројатно и за тие пари за поткуп повторно тајно се качи акцизата на горивата! Режимот освен поткуп не знае за ништо друго. Системски поткуп за администрацијата и министерствата, а поткуп на терен спроведуваат и функционери од СДСМ со делење пакети помош кои што се дел од програмата и заемот од Светска банка! Срам тежок. Ова мора да има крај! Нема проекти има само класичен поткуп. Нема економија има само криминогеност и провизии. Нема одговорност има само уништување, корупција и државно спонзорирана дискриминација! Нема полошо од СДСМ за Македонија – вели Стоилковски.

 

Поврзани содржини