Опожареното возило не било во сопственост на Владата

„Ви посочуваме дека според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија“, наведено е во соопштението.

488

Опожареното возило „ауди“ денеска во Скопје не било во сопственост на Владата, демантираше владината служба.

„Ви праќаме информација поврзана со веста објавена на Вашиот портал со наслов ‘Опожарено ауди 4 во сопственост на Владата‘, а во која е подвлечено дека на улица ‘Димитар Влахов‘ утрово настанал пожар, при што опожарено било едно патничко возило ‘ауди 4‘ во сопственост на Владата на Република Северна Македонија. – Утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул. Кеј Димитар Влахов, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија –  соопштуваат од МВР“, се вели во реакцијата.






„Ви посочуваме дека според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини