Опожарено возило на патот Тетово-Скопје, нема повредени

Возачот и сопатниците успеале да излезат навремено и да се спасат од повреди.

368

Нема повредени лица во пожарот што избувнал во автомобил претпладе околу 10.30 часот на автопатот Тетово-Скопје. Поради пожарот изгоре патничко моторно возило марка „мерцедес “со гостиварски регистарски ознаки.

– Станува збор за возило кое се запалило во движење на автопатот во правец кон Скопје.  Возачот и сопатниците успеале да излезат навремено и да се спасат од повреди. Интервениравме со три возила – информираше Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица.






И на почетокот на месецот на 8 јуни имаше пожар во возило исто така мерцедес, што се случи на стариот пат Тетово-Скопје.

Поврзани содржини