📽️ ОПОЖАРЕНИ ВОЗИЛА ВО СЕРВИС КАЈ ПИНТИЈА, СНИМЕН Е ПОТПАЛУВАЧОТ Некој организирано пали низ Скопје за да крева паника?
Еве како организирано се пали низ Скопје. Сценарио за кревање паника и за политички поени, се вели во описот на видеото. Од Центарот за управување со кризи информираа дека по тешка борба со огнот службите успеале да го изгаснат кон 6 часот утринава.
Во текот на изминатиот ден, 15 септември, понеделник, бил запален сервис на возила во стаклара кај скопската населба Пинтија. Плусинфо дојде до снимка од палењето. На видеото можат да се видат повеќе опожарени возила и лице во дуксерка во раните утрински часови.
„Еве како организирано се пали низ Скопје. Сценарио за кревање паника и за политички поени“, се вели во описот на видеото.
View this post on Instagram
Според Центарот за управување со кризи пожарот бил изгаснат во раните утрински часови по тешка акција на службите.
„Рано утрово пред 4.00 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети.
БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот.
Детали за случајот се очекуваат и од другите надлежни институции.