Опожарени куќа и возило во Битола

525

Вчера околу 01,30 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул.„Караорман“ во населба.„Баир“, Битола настанал пожар при што целосно била опожарена куќа. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Два часа подоцна, вчера во 03,30 часот, во СВР Битола, М.К.(31) од Битола пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, во негова сопственост. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. 

Поврзани содржини