ОПОЖАРЕНИ 4 АВТОМОБИЛИ ВО КАПИШТЕЦ Запалено било службено возило, пожарот се проширил

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид ќе се врши во текот на денот.

1,091

Четири автомобили биле опожарени во скопската населба Капиштец во текот на изминатата ноќ. На 27.08.2025 во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице, соопшти МВР.

Од огнот, како што информира МВР, биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „фиат пунто“ со скопски регистарски таблици, сопственост на Е.Т. (20) од Скопје и „сузуки“ со скопски регистарски таблици, сопственост на С.М.(54) од Скопје.






Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид ќе се врши во текот на денот.

 

Поврзани содржини