ОПОЖАРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА НА ДУИ Пожар избувнал во хотелот „Арабела“ во Кичево

На местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево, соопшти МВР.

487

Пожар избувнал синоќа во 1.10 часот по полноќ во хотелот „Арабела“ во Кичево, при што била опожарена канцеларијата на ДУИ , каде што беше сместен изборниот штаб на оваа партија.

На местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево, соопшти МВР.






За огнената стихија бргу е интервенирано од страна на ТППЕ Кичево, од каде добивме информација дека се дејствувало со три возила и шест пожарникари. Пожарот најпрво е локализиран и околу 2 часот и целосно ликвидиран.

Како што соопшти МВР во пожарот нема повредени лица.

Материјалната штета и причините за пожарот допрва  ќе се утврдваат.

Поврзани содржини